Вежби што помагаат да спречите инфаркт

Едно ново истражување покажа дека со помош на едноставни активности луѓето може да спречат инфаркт. Во истражувањата биле вклучени околу 500.000 луѓе на возраст од 40 до 69 години, а резултатите се објавени во магазинот American Heart Association’s Journal – Circulation.

Испитаниците биле следени во период од 6 години. Научниците заклучиле дека со малку повеќе физичка активност, лицата што имаат генетска предиспозиција за инфаркт можат да го намалат ризикот за 49 отсто. Затоа, лекарите препорачуваат брзо одење, возење велосипед и трчање.

Брзо одење: Една студија утврди дека брзото одење во траење од два и пол часа неделно го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за дури 30 отсто, иако многу стручњаци препорачуваат брзо одење меѓу 30 и 60 минути неделно за да обезбедите оптимално срцево здравје.

Трчање: Како и кај одењето, треба да се почне со полесно темпо, на пример 5 минути растегнување пред трчање. Студијата на Медицинското училиште на Универзитетот „Стенфорд“ тврди дека редовното трчање не само што му помага на срцето туку и го забавува процесот на стареење.

Возење велосипед: Најголема предост кај ова вежбање е тоа што го одржувате забрзаниот ритам на отчукувања на срцето во подолг временски период. Стручњаците препорачуваат најмалку 20 минути возење велосипед за да може да извлете максимум корист.

Scroll to Top