(Видео) Брзи јога вежби за презафатени личности

Овие јога вежби се идеален избор за луѓето кои немаат многу време, а сакаат да бидат физички активни.

Сите знаеме колку е важно за нашето здравје да вежбаме. Но поради обврските на работа, балансирањето помеѓу семејството и пријателите, како и домашните работи, ние всушност имаме многу малку време за себе, па многумина од нас забораваат да се грижат за себе и да бидат физички активни. Сепак, постои решение и за ова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mantrika_Olistic (@mantrika_olistic)

Брзи јога асани

Јогата помага да се смират умот и телото, ги зајакнува мускулите, го подобрува држењето на телото, координацијата на движењата, концентрацијата. Ова се сосема доволно причини за да ја практикуваме секој ден, дури и кога немаме време. Можете да ги правите овие асани насекаде, на пример наутро пред работа, па дури и за време на паузите, во канцеларија или во ходникот на компанијата.

Еве неколку пози за јога што ги ви препорачуваме, одлични се кога немате доволоно време. Исто така, ви ги откриваме придобивките на секоја од асаните.

Лотус поза

Оваа едноставна асана може да се направи за неколку минути (дури и на подот на канцеларијата). И придобивките се бројни, од отворање на колковите, преку истегнување на зглобовите, до зголемена будност.

Утанасана

Не мора целосно да се наведнувате ако не сте физички подготвени. Но за неколку минути, ќе ја стимулирате работата на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот систем. Покрај тоа, ќе го истегнете телото, ќе го елиминирате заморот и главоболките.

Пеперутка поза

Оваа асана помага во работата на внатрешните органи, особено на срцето. Ја подобрува циркулацијата, а во исто време ги истегнувате мускулите и го подигнувате нивото на енергија.

Навасана

За тоа кратко време додека сте во оваа асана, ќе ги истегнете мускулите, ќе ја подобрите работата на тироидната жлезда и органите за варење.

Орел поза

Оваа поза помага да се ви подобри циркулацијата, будноста и концентрацијата. Покрај тоа, ги зајакнува рацете, колената, нозете и зглобовите.

Scroll to Top