(Видео) Кардио-вежби за поттикнување на метаболизамот

Честопати слушаме дека некој има брз или бавен метаболизам, но што значи тоа? Според официјалната дефиниција, метаболизмот е севкупност на хемиски реакции во еден организам што ги разградува или синтетизира сложените молекули. Во сложените молекули, енергијата се складира или ослободува со распаѓање. Со други зборови, метаболизмот е систем со кој храната се претвора во енергија и со тоа се овозможуваат основните животни функции на организмот.

Дури и ако не се движиме, нашето тело користи калории за едноставно да „живее“ или да ги чува како маснотии, според Медицинското училиште Харвард. Значи, ако имате побрз метаболизам, вашето тело ќе согорува повеќе калории во мирување или во движење. Ако, пак, имате побавен метаболизам, работите се обратни и веруваме дека со задоволство би го забрзале. Но, како да го направите тоа? Исто како што метаболизмот може да забави од различни причини (возраст, начин на живот), исто така може да се забрза. И покрај фактот дека постојат многу совети, методи, пијалaци и диети кои ќе го „поттурнат“ вашиот метаболизам (а правилното исхрана и доволното внесување на важни хранливи материи и течности е првото правило), најефикасен начин е вежбање затоа што мускулите се тие кои трошат енергија дури и во состојба на одмор.

Имајќи го ова предвид, важно е да се знае дека која било форма на движење ќе има корист од забрзувањето на метаболизмот, па дури и прошетка во парк ќе има позитивен ефект. Ако сепак сакате поинтензивна форма на вежбање, добар избор би биле HIIT тренинзи кои комбинираат вежба со оптоварување и кардио.

Scroll to Top