(Видео) Седми април, Светскиот ден на здравјето: „Заедно за пофер, поздрав свет“

Денес е Светскиот ден на здравјето. Се одбележува секоја година на 7 Април и секоја година привлекува внимание на специфична здравствена тема која ги загрижува луѓето во светот.

Темата за 2021 година е „Заедно за пофер, поздрав свет“.

Датумот 7 април е годишнина од основањето на Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година и се одбележува како ден посветен на подигнување на свеста за
здравјето на луѓето во светот.

За оваа 2021 година СЗО забележува дека Ковид-19 истакнал оти некои луѓе може да живеат поздрав живот и да имаат подобар пристап до здравствените услуги од другите луѓе – што целосно се должи на условите во кои тие се родени, растат, живеат, работат и стареат.

Во целиот свет некои групи се борат да врзат крај со крај со мали дневни примања, имаат посиромашни услови за домување и образование, помалку можности за вработување, доживуваат поголема родова нееднаквост и имаат малку или воопшто немаат пристап до безбедни средини, чиста вода и воздух, безбедност на храна и здравствени услуги. Ова доведува до непотребно страдање, до болести, кои може да се избегнат, и предвремена смрт, што им штети на нашите општества и економии, наведува СЗО.

СЗО ги повикува лидерите да обезбедат секој да има услови за живеење и работа што се погодни за добро здравје – оваа кампања ќе биде иницирана на веб-страницата посветената на Светскиот ден на здравјето 2021 година.

Scroll to Top