Виното го продолжува животот

 

Чешките научници откриле рецепт кој доведува до смалување на ризикот од срцеви заболувања – треба да испиете неколку чаши вино неделно. Не воопшто битно дали пиете бело или црвено вино, битно е само да го пиете редовно и да не претерувате со количината.

А оној друг фактор кој нас нѐ не весели баш толку е дека за посакуваното задоволство морате редовно да вежбате. Имено, научниците открија поврзаност помеѓу редовното вежбање и пиењето вино, односно смалување на вишокот холесторол, како и раст на оној добриот.

Студијата е спроврдена во период од година дена на 146 испитаници. Една половина од нив морале да пијат бело, а другата половина црвено вино. По завршувањето на испитувањето воочено е дека кај онаа група која не вежбала холестеролот останал на исто ниво, додека кај оние кои редовно вежбале, се смалило нивото на холестеролот и им пораснал HDL холестеролот (што е добра работа).

Затоа слободно уживајте во чашата вино (но не со чаша од пола литар), сѐ додека притоа редовно вежбате.

Scroll to Top