Креирајте корисно есенско мени.
Есента не е само време за на училиште, прекрасни капути и нови чизми. Тука се исто така промените во организмот кои настануваат поради сезонската промена на температурата.
По топлото лето, на есен стануваме мелахонични, тешко се будиме, а болестите го напаѓаат слабиот имунитет. Но, со овие витамини, есента ќе биде прекрасна.
Витамин А
Овој витамин исто така се нарекува ратинол. Овој витамин ни е најпотребен во текот на есента. Всушност, тој ни помага во пренесувањето на температурните разлики. Исто така, учествува во регенерацијата на ткивото, што значи дека сувата кожа и кршливата коса, кои често се појавуваат надвор од сезоната, не се можни со ретинолот. Витаминот А се наоѓа во зелениот зеленчук, млекото, доматот, сувото овошје, говетскиот џигер и жолчка од јајце.
Витамин Б6
Корисен витамин за учениците, но нема да им наштети и на нивните родители. Б6 е одговорен за енергичноста, брзината на умот, усвојувањето на информациите и мозочните активноти. Б6 ќе ви помогне да станете порано и благодарение на него нема да забележите дека е денот сѐ пократок. На часовите и на работа, оној кој ќе користи доволно Б6 ќе биде полн со сила и идеи. Него можете да го најдете во авокадото, лешниците, оревите, бобинките, спанаќот и компирот.
Витамин Ц
Секако, не можете да го занемарите ни витаминот кој е одговорен за имунитетот, затоа што есента е подмолна поради настинките. А за имунитетот, сите знаат, дека е одговорен витаминот Ц, кој наесен мора да се консумира во големи дози. Освен во цитрусните овошја, витаминот Ц се наоѓа и во рибизлата, шипката, пиперката, кромидот, лукот, компирот и спанаќот.