Витаминот Б12, кој помага во јакнење на имунитетот, е најважен за оние во шестата деценија од животот

Сите знаеме дека здравата исхрана е важна, а можеби не знаете дека во одредена доба од животот треба да внесувате повеќе хранливи материи кои се прилагодени на вашето тело. Меѓу нив е и витаминот Б12, кој е важен за метаболизмот, производството на црвени крвни зрнца, ДНК, функциите на имунолошкиот систем итн.

Секако, витаминот Б12 игра важна улога и за здравјето на срцето и мозокот. По 50-тата година, способноста на телото да го апсорбира витаминот Б12 полека се намалува, па затоа е важно да се зема дури и повеќе од вообичаено.

Витаминот Б12 ќе го најдете во црвеното месо, потоа во живината, јајцата, рибата и млечните производи.

Експертите предупредуваат дека луѓето постари од 50 години кои следат вегетаријанска или веганска исхрана имаат уште пониски нивоа на витамин Б12, па затоа обрнете посебно внимание ако се храните на тој начин.

Неговата апсорпција штити од анемија, како и болести како што се Кронова болест или целијачна болест.

Scroll to Top