Витаминска вода што го чисти организмот

Разните индустриски витамински води се преполни со вештачки засладувачи кои му предизвикуваат повеќе штета на организмот отколку корист.

Доколку сте една од оние дами кои уживаат во освежувачките напитоци, ви претставуваме рецепт за домашна витаминска вода на која посебно ќе ви биде благодарен вашиот дигестивен систем.

 

Потребни состојки:

 

  • 2 литри вода

 

  • 1 чајна лажичка изрендан ѓумбир
  • 1 краставица со средна големина
  • 1 лимон
  • 12 листови нане

 

Подготовка:

 

Краставицата и лимонот излупете ги, а потоа исечкајте ги на ленти. Вака исечкани, ставете ги во стаклен бокал во кој ќе ги додадете и другите состојки, а потоа прелијте со вода.

Водата ставете ја да отстои во фрижидер најмалку 8 часа, со повремено мешање.

Состојките во домашната витаминска вода ја смируваат дигестијата, а со тоа го ослободуваат телото од наталожените токсини.

Лимонот изобилува со витамин Ц и ја поттикнува работата на црниот дроб – орган кој е одговорен за прочистување на организмот.

Краставицата содржи 90 отсто вода од која се ослободуваат состојки заслужни за детоксикација на телото.

 

Ѓумбирот помага во одржување на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува грчевите и помага против мачнините.

 

Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага во елиминација на токсините од телото, а исто така ги ублажува и болките во стомакот.

Scroll to Top