Во Босна и Херцеговина е откриен првиот случај на гама-сој. Ова го потврди Теуфик Голетиќ, шефот на лабораторијата за молекуларно-генетски и форензички истражувања. Голетиќ изјави дека гама-сојот е откриен кај странски државјанин кој живее на подрачјето на Херцеговина.
Претходно се откриени и првите случаи на заразени со делта-сојот во земјата.
Истражувањата покажуваат дека гама-варијантата на коронавирусот ги напаѓа и луѓето што имаат стекнато имунитет по заразување или вакцинација. Здравствените работници, сепак, препорачуваат луѓето да се вакцинираат за да се избегне тежок облик на болеста.