Во Израел се враќа нормалниот живот, во Чиле расте бројот на заразени, а двете земји се лидери во вакцинирањето

Велика Британија, Израел и Чиле се трите земји што се издвојуваат по ефективноста на своите програми на имунизација против Ковид-19. Тие успеаја да вакцинираат голем дел од своето население, ама секоја од нив поинаку ја контролира болеста.

Израел веќе продолжи со универзитетски предавања, концерти и други масовни собири и ги отвори рестораните и баровите. Чиле, пак, се соочува со нов пораст на бројот на новозаразени и со нови рестриктивни мерки.

Околу 37 % од населението во Чиле ја прими првата доза од вакцината, но дневните бројки и натаму се многу високи. Има неколку причини за овој неочекуван скок: ширењето на бразилскиот сој, големиот број Чилеанци што патуваат низ земјата и намаленото почитување на социјалното дистанцирање.

За тоа време Израел покажува колку се важни постојаните планирање и подготвеноста. По почнувањето со вакцинирање, земјата поведе низа иницијативи за да го одржи напредокот во борбата против Ковид-19. Една од нив е давањето зелени дозволи на оние што се вакцинирале или ја прележале болеста.

Властите исто така воведоа тестирања за антитела за странците што влегуваат во земјата, а во план е да се вакцинираат и постари деца кога тоа ќе биде одобрено од регулаторите.

„Ова само покажува колку Израел е добар во планирањето“, додава Болд.

Scroll to Top