Волшебна напивка ги топи килограмите и додека спиете


 

Без премногу напорни тренинзи, ослободете се од вишокот килограми со помош на лековитите својства на циметот и медот.

Сок кој согорува стотина калории додека вие седите и читате?

Возможно е ако ги земете предвид лековитите својства на циметот и медот.

Нивната комбинација ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.

 

За подготовка ви е потребно:

2 лажици мед

1 лажица цимет

250 мл вода

 

Препорачаното количество може и да се менува, но важно е секогаш да користите две мери мед и една цимет. Подгответе го количеството од напивката за кое сметате дека ви е потребно.

За почеток, превријте ја водата која ќе ја сипете врз циметот и потоа почекајте да се излади. Медот го додавате откако напивката е изладена и имајте на ум дека медот никогаш не се става во врела напивка, во случајов вода.

Половина од напивката се пие пред спиење, а остатокот наутро пред оброк. И тоа е сè!

Имајте предвид дека напивката дејствува само на празен желудник.

Scroll to Top