Волуметрик-диета за симнување килограми: најбарана за 2021

Барбара Ролс е зачетник на волуметрик-диетата, која стана најпопуларна за оваа 2021 година и тоа само како диета која брзо симнува килограми.

Волуметрик-диетата е всушност начин на исхрана. Тоа е еден систем кој нè учи која храна смееме да ја јадеме, кога и во кои размери. Благодарение на тие податоци, ќе слабееме без рестрикции и доста брзо.

Предноста на оваа диета е во тоа што килограми не се враќаат од проста причина што нас таа нè учи како правилно да јадеме.

Правила на волуметрик-диетата:

Оваа диета се дели во четири групи.

Прва група (храна со ниска густина) – овошје и зеленчук со малку количина на калории, немасно млеко и супа од зеленчук.

Втора група – овошје и зеленчук со скроб, житарки, месо со ниска содржина на масти, бобови и јадења со ниска содржина на масти.

Трета група – месо, сирење, помфрит, леб, сладолед и колачи.

Четврта група – чоколади, крекери, чипс, ореви, масло, путер…

Волуметрик-диетата вели дека првата и втората група можете да јадете во големи порции и тие се користат за да се најадете. Кога јадете храна од третата група ги ограничувате порциите, а храната од четвртата категорија ја сведувате на минимум.

Кога и да можете, четвртата група со намирници заменете ја со првата.

Волуметрик-дитетата предлага да јадете храна која содржи висока количина на вода:

  • Супи и чорби од зеленчук;
  • Свежо овошје и зеленчук, а може и варен зеленчук;
  • Јогурт;
  • Тестенини, наместо леб.

Што можете да јадете:

  1. Супа од коски во сите варијанти.
  2. Тестенини и сите видови оброк салата.
  3. Риба на сто начини.
  4. Пилешко бело месо.

Зошто оваа диета е толку добра?

Никогаш не сте гладни. Се јадат три оброци, десерти или ужинки. Поентата е само да ја јадете онаа група на намирници кои се здрави, ниско калорични. Откако еднаш ќе го прифатите системот на оваа диета, тој ќе остане со вас до крајот на животот.

Волуметрик диетата е повеќе начин на живот, отколку што е диета.

Scroll to Top