Врска помеѓу слабеењето и ананасот

Доколку сакате да изгубите вишок килограми, ве советуваме да консумирате што е можно повеќе зеленчук, како и одредени видови овошје. Еден од тие производи е ананасот, кој е одличен за оваа намена.

Ананас и слабеење – мит или вистина?

Откриваме зошто ананасот е идеален за губење вишок килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Teresa Salame (@mundodetere)

Број на калории

Чаша ананас содржи само 82 kcal, а во исто време, ова овошје е полно со витамини и минерали. Плус, ќе ве засити, така што нема да чувствувате глад.

Чудесна хранлива материја

Ананасот содржи бромелаин, ензим кој му помага на телото подобро да апсорбира одредени хранливи материи. Истражувањата покажаа дека сокот од ова овошје спречува формирање на масни наслаги. Покрај тоа, овој ензим ни помага да добиеме енергија од мастите.

Извор на влакна

Влакната се многу важна ставка во губењето вишок килограми, а ананасот содржи 2,3 грама влакна по чаша. Со помош на влакната, телото останува подолго сито, а варењето се подобрува.

Хидрира

Полн со вода, ананасот исто така ни помага да внесеме течности во телото, а кога сме хидрирани, не се прејадуваме.

Манган

Манганот е основна хранлива материја што му е потребна на телото за да функционира правилно. Една чаша ананас ја содржи дневната доза од оваа хранлива состојка. Манганот инаку го регулира метаболизмот на масти и јаглехидрати.

Заклучокот е дека сите плодови можат да ни помогнат во губењето вишок килограми, а клучот лежи во самата доза. Покрај тоа, послатките овошки, како ананасот и грозјето, ќе ја намали нашата потреба за слатки.

Како правилно да го излупите ананасот?

Колку и да го сакаме, секогаш страдаме треба да го излупиме. Подолу, во видеото, погледнете како да го направите тоа на најлесен можен начин.

Scroll to Top