Исфрлете од употреба неприродни газирани сокови и останати пијалаци, како и нездрава храна. Намалете го внесувањето на солта и мастите. Не им верувајте на рекламите и на тоа дека ќе ослабете, ако ништо не правите туку само користите препарати за слабеење.
За да ослабете треба да вежбате и здраво да се храните. Никој не ви кажува дека треба да прескокнувате оброци и да се изгладнувате. Јадете здраво, намалете ги оброците и движете се.
За појадок јадете житарки со млкео, јогурт, кефир, кисело млеко, по ваш избор.
Ручек:
-Варено јајце
-1 парче тост
-Чаша јогурт
-Имајте две ужини, изедете еден портокал или јаболко, а можете и банана.
Вечера:
-Варен зеленчук
-1 парче тост
Овој режим трае 2 недели и може да се намалат и до 10 килограми. За да ја одржувате телесната тежина и по режимот треба да продолжите здраво да се храните. Јадете редовно, намалете ги оброците и исфрлете ја нездравата храна и газираните пијалаци.