Зелениот чај може да го оштети црниот дроб

Екстрактот од зелен чај може да предизвика оштетување на црниот дроб, вели Европската агенција за безбедност на храната. Покрај сите добри страни што му се препишуваат на зелениот чај при разни диети, секојдневното пиење овој чај може да биде штетно за црниот дроб.

Според Агенцијата, виновици за тоа се полифенолите, кои се есенцијални молекули во билките, важни за функциите како раст и пигментација. Се претпоставува дека штетната доза изнесува околу 800 милиграми дневно. Колку изнаесува безбедната дневна доза не се знае.

Европската агенција за безбедност на храната почна со проверки на зелениот чај кога на тинејџер му утврдиле дека му треба дијализа на црниот дроб, а пиел таблети од зелен чај. Во последните години во медицинските магазини се појавија повеќе случаи во кои луѓето имаат големи проблеми со црниот дроб, а главна причина за тоа биле токму таблетите од зелениот чај.

Европската агенција за безбедност на храната заклучува дека зелениот чај во нормални количини е добар за здравјето, но ако се претера со него, може да има лоши последици за здравјето.

Scroll to Top