Знаци дека е време да ја прекинете врската

Истражувањето на „Тиндер“ покажало дека околу 40% од младите родени пред 2000-та година не сакаат да останат во врска со личност која не им одговара само за да не бидат сами. Иако понекогаш е тешко да се откажете од врската во која сте вложиле доста време и труд, некогаш е подобро да раскинете пред да останете во врска во која (повеќе) не ве усреќува.

Постојано се расправате, па се смирувате

Истражувањето покажало дека четвртина парови во некој момент раскинуваат, а потоа се смируваат, но ако тоа стане магичен круг кој се повторува, можеби би требало да размислите за тоа дали вреди да се сложите на такво нешто. Луѓето во ваквите односи најчесто остануваат поради страв од тоа што носи иднината, но тоа не е добро ниту за вас, ниту за партнерот.

Не се сакате себеси

Доколку сте во врска во која сами себе не се сакате, тоа знае да биде доста исцрпувачки, особено доколку така се чувствувате поради партнерот. Тоа може да се манифестира на разни начини, на пример, да се оддалечите од семејството или да престанете да се трудите околу сопствените цели. Доколку вашиот партнер постојано ве влече надолу наместо да ве турка напред и да ве поттикнува, време е да го елиминирате од својот живот.

Партнерот постојано ве критикува

Едно е вашиот партнер да ви укаже на однесувањето кое му смета, кое може да биде здрав начин на комуникација, а нешто сосема друго е доколку постојано ве критикува за сè што правите. Таквите луѓе обично на вас ги исфрлаат сопствените фрустрации, а самите лесно се навредуваат. Со таквата комуникација, партнерите губат почит еден спрема друг, поради тоа е најдобро да излезете од таквата врска.

Се плашите дека ќе бидете сами

Стравот од самотија не е добра причина да останете во врска доколку се чувствувате дека не сте среќни со сегашниот партнер. Луѓето кои не сакаат да бидат сами, често се согласуваат на партнер кој воопшто не им одговара, а истиот страв ги спречува да си одат од таквата врска.

Живеете во минатото

Доколку на убавите моменти од заедничкото минато се сеќавате почесто отколку на убавите моменти што ги доживувате во сегашноста, тоа е проблем. Доколку однесувањето на партнерот спрема вас во меѓувреме се променило и надежта ќе се врати на старо е единственото што ве држи до него, можеби е подобро да се тргнете од него.

Врската ви е доста површна

Кога со некој тек ќе почнете да се запознавате, јасно е дека нема веднаш да се отворите и да зборувате за најинтимните работи, односно дека разговорите ќе бидат поповршни. Но со текот на времето, би требало со партнерот да се зближите доволно за да можете да разговарате и за посериозни теми. Доколку подолго време сте во врска, а сè уште разговарате само за помалку битни работи, тоа би можело да биде знак дека не сте еден за друг.

Врската ви е едноставна

Доколку партнерот сака да поминува време со вас само кога нему му е потребно друштво и утеха, тоа не е добар знак. Таквата личност само ве искористува и не се грижи за вашите потреби. Доколку на партнерот му давате поддршка и љубов, нормално е да очекувате да ви возврати на ист начин. Ако такво нешто нема, можеби сте заглавиле во токсична врска.

Постојано ви се заканува дека ќе ве остави

Доколку партнерот често ви се заканува со раскинување, на пример при кавга или доколку сака на тој начин нешто да добие од вас, тоа може да биде знак на манипулација. Во тој случај личноста го користи вашиот страв од напуштање како би ве контролирала. Важно е таквото однесување да го препознаете и да го сопрете пред сериозно да ве повреди.

Scroll to Top