Знаци дека саканиот пати од Адонисов комплекс

Обично жените се жалат на недостатоците од своето тело кога гледаат магазини со модели кои имаат совршени облини. Но, и цврстите момци го имаат истиот проблем иако вешто го сокриваат и не разговараат за него.

Истражувањата покажуваат дека околу 15 проценти од мажите патат од Адонисов комплекс, несигурност во изгледот која знае да биде исцрпувачка. И тие, баш како и жените, можат да имаат трема поради својот физички изглед, да паднат во депресија и да чувствуваат притисок поради кој на крај може да се појави и нарушување во исхраната.

Сето тоа, секако, го потпишуваат медиумите и познатите личности кои имаат совршени стомачни мускули и бицепси. Тие ја имаат баш таа совршена мускулна форма за која сите сонуваат. Познатите машки држат диета, вежбаат според посебни програми и отворено зборуваат за тоа. Но, тие познати лица не се имуни на пластична хирургија, баш како ни нивните колешки. Овој ситен детаљ го занемаруваат оние кои патат од Адонисов комплекс, како и од ситницата наречена Фотошоп.

Затоа, девојки, доколку приметите дека вашиот сакан никогаш не ја соблекува маицата кога ситуацијата во креветот ќе се вжешти и веднаш ја повлекува надоле кога малку ќе поткренете, можеби неговиот проблем е од сериозна природа. Разговарајте со него и обидете се да му помогнете.

А вие момци, држете се, и имајте го на ум она најважното – жената која сака да ве види без маичка, го сака тоа затоа што сте ѝ привлечни баш онакви какви што сте. Сè останато е небитно!

Scroll to Top