Знаци дека сте му центарот на светот

Понекогаш ни е потребна само потврда дека сме сакани, но како да знаеме дека навистина е така. Дознајте во продолжение.

1. Ве има на ум кога носи големи и важни одлуки

Вашето мислење му е секогаш важно, независно од ситуацијата. На пример, мажот што ве сака нема да прифати нова работа, без претходно да се консултира со вас. Сака да учествувате во сите одлуки кога се однесува до неговиот личен и вашиот заеднички живот.

2. Ви кажува работи за кои никој друг не знае

Мажите никому лесно не му се доверуваат. Ако со вас ги дели и своите најскриени тајни и ви открива работи што не му ги кажал ни на најдобриот пријател, тогаш има бескрајно доверба во вас.

3. Сака со вас да поминува доста време

Дури и кога распоредите ви се пренатрупани, тој секогаш наоѓа време за вас. Тој не го чека вашиот повик – тој ве повикува да излезете.

4. Сака да зборува со вас за (заедничката) иднина

Многу мажи стравуваат од разговорот за заедничка иднина, дури и кога се искрено заљубени. Доколку вашиот партнер со тоа нема проблеми, тогаш сте освоиле џекпот. Мажот мора да биде 100 % подготвен за големи чекори во односот, но фактот дека за нив отворено разговара е доказ за одговорно и зрело размислување.

5. Се гордее со вас

Никогаш не останува рамнодушен на вашите успеси и им се радува. Кога и да има можност за тоа, горделиво ве пофалува пред другите.

6. Се грижи за вас и сака да бидете среќни

Не ве третира како кралица затоа што мисли дека мора – тој тоа искрено го посакува. Ги слуша вашите приказни од работа, ви ги масира вратот и стапалата по работа, подготвува вечера кога сте уморни… Грижата за вас е еден од неговите приоритети.

7. Ги поддржува вашите цели

Не се чувствува загрозено поради фактот дека сакате да бидете успешна и остварена жена. Ве поддржува во сè што сакате да направите. Секогаш е со вас кога ќе ви затреба совет и помош затоа што сака да види како ги остварувате своите соништа и ќе биде со вас кога тоа ќе се случи.

8. Не флертува со други жени

Очигледниот флерт со други жени, дефинитивно, влегува во категоријата престап и многу мажи не се откажуваат од флертување, дури ни кога се во врска. На мажот кому флертот не му паѓа на памет, дефинитивно, вие сте му центарот на светот.

9. Не ве крие од семејството и пријателите

Ништо не може да внесе повеќе сомнежи кај жената од мажот што не сака да ја претстави на своите пријатели и семејството. Секако, за сето тоа постои време и место, па никој не очекува семеен ручек по првиот состанок. Кога доволно ќе се збилижите, сосема природно ќе имате потреба да ја запозанете својата посебна личност со своите сакани. Мажот што вас без проблем ве воведува во својот круг на пријатели и ве претставува на семејството, дефинитивно ве сака во својот живот.

10. Не се повлекува на првиот проблем

Расправиите и кавгите се составен дел од секој љубовен однос. Не постои врска без проблеми, а дали тоа ќе остави некаква трага зависи исклучиво од комуникацијата помеѓу партнерите. Избегнувањето отворен разговор е лош знак. Од друга страна, способноста да се справи со проблемот и желбата да го реши за да имате што подобар функционален однос е знак за квалитетен маж кој искрено ве сака и се грижи работите помеѓу вас да бидат под контрола.

Scroll to Top