Знаци дека ви е потребен итен годишен одмор

На секој понекогаш му е потребен одмор, но доколку забележите дека вашето тело ви дава некои од овие знаци, можеби ви треба одмор повеќе отколку на другите.

Доколку секое утро се будите од болка, расеани сте на работа и тешко ви е да извршувате задачи, сакате да тренирате, но немате енергија за тоа, можеби ви е потребно „ресетирање“.

Се будите со главоболка

„Доколку чувствувате болка, време е да земете годишен одмор. Ова значи дека стресот почнал да го зема својот данок и дека остава траги врз вашето тело“, вели Реј Садун, специјалист за ментално здравје и закрепнување од зависност. „Доколку често се будите со главоболки, тоа може да значи дека ги крцкате забите во текот на ноќта поради стрес. Неколку дена во годината ќе ви помогнат да се опуштите“, додава тој.

Трошите повеќе пари од вообичаено

„Доколку сте забележале дека трошите повеќе пари, купувате повеќе облека од вообичаено или почнувате да трошите средства на коцкање, значи дека имате потреба да го зголемите нивото на допамин за да ви помогне полесно да се справите со стресот и исцрпеноста“, вели психијатарот Менди Клоперс.

Постои опасност да експлодирате или да се имплодирате

„Доколку некој се чувствува презаситен или преоптеретен, многу полесно му е да експлодира или да се разнесе. Доколку се случи второто, лицето почнува да се изолира и да учествува сè помалку во секојдневните активности. Доколку, пак, експлодираат, тие ќе бидат потоксични од вообичаено. Бргу ќе се изнервираат и ќе кажат работи што во спротивно не би кажале. На крајот на краиштата, доколку забележите дека се однесувате поинаку од вообичаено, време е да се одморите“, вели терапевтот Ј. Ф. Бенуа.

Не се чувствувате поврзани со работата или со колегите

Ова е еден од најголемите емотивни знаци дека итно ви е потребна пауза. Доколку постојано сте фрустрирани од колегите, изнервирани од вашиот шеф, како и вашите клиенти, тоа значи дека нема да бидете ефикасни на работа сè додека не одморите.

Намалено либидо

Доколку вашето либидо одеднаш е екстремно ниско, а никогаш не сте имале некаков здравствен проблем, можно е стресот од работата да биде виновникот. Најдобро е да организирате годишен и добро да се одморите.

Се дебелеете

Доколку сте се здебелиле во последно време, можеби ви треба годишен одмор. Кога хормонот на стрес се зголемува во телото, има акумулација на несакани килограми. Односно, кортизолот му кажува на нашето тело дека треба да складира енергија, а таа се складира како сало.

Правите неколку грешки на работа

Нервозни сте, деконцентрирани и летаргични, а сето тоа е причина за чести грешки на работа. Иако е нормално да направите грешка, сепак доколку почне да се случува сè почесто, тоа може да биде знак дека не можете да се сконцентрирате на работата и дека ви треба пауза.

Scroll to Top