Зошто е добро да слушате музика додека водите љубов

И слушањето музика и сексот предизвикуваат чувство на задоволство поради што повеќето луѓе ги комбинираат овие две активности. Тоа толку стана вообичаено од кога постојат уреди за пуштање музика, што луѓето почнаа да создаваат специјални компилации на песни за интимните моменти со своите партнери.

Овој пат ќе ја прескокнеме приказната за најдобрите изведувачи, песни и жанрови за слушање музика во текот на водењето љубов, туку, пред сè, ќе објасниме кои се придобивките од слушањето музика за време на сексот и како тоа го зголемува уживањето во текот на овие активности.

Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме

Луѓето на музиката не реагираат свесно, туку спонтано. Тие нишаат со главата во нејзиниот ритам или свиркаат или пеат заразна мелодија, а често и танцуваат, без разлика дали се во друштво или, пак, сами на страна. Музиката ни дава чувство на слобода, која е еднакво битна и во текот на водењето љубов кога секому му е вишок претераното мислење.

Слушањето музика го намалува стресот

Стресот е нашиот голем непријател во креветот. Тој може да нè спречи доволно да се возбудиме и да не ни овозможи воопшто да имаме сексуален однос. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите што ги окупираат мислите и да ни ги саботираат интимните моменти со партнерот.

Слушањето музика уште повеќе ги спојува партнерите

Како што се вртат песните што ги сакаат и едниот и другиот партнер, ги преплавуваат чувствата на задоволство во исто време и меѓу нив се создава многу подлабока врска отколку кога водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, тие ќе се сеќаваат на моментите со саканата личност и повторно ќе почувствуваат голема поврзаност со нив.

Ритамот на музиката може да влијае врз ритамот на вашите движења во креветот

За потполна сатисфакција кај обата партнера за време на сексуалниот чин, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача ако во заднина се слуша адекватна музика со сензуални тонови и пулсирачки ритам.

Scroll to Top