(Галерја) Ваучер за туризам за сите: Македонија е Малдиви оти #Домасиедома

Откако Владата ја промовираше Македонија со фотка од езеро во Германија, како најдобрата опција за летување оваа година, со порака дека ДОМА СИ Е ДОМА, забавата нормално дека се пресели на Фејсбук. Па така, ваучерот за туризам сега го има групата #Домасиедома каде има топ забава. И, ако ги загледате сликите и ги читате откачените коментри, сфаќате дека стварно не нè одминала барем смислата за хумор.

Па така фотките од Сејшели, Босфор, Малдиви, Бали, Австрија, Рим станаа „топ туристички места во Македонија“. И тука осамна Кинескиот ѕид зад кој се крие Ѓаволскиот ѕид во Свети Николе, над струшкиот Дрим се издигнал модерен мост,  Дојранските рибарски куќички добија смисла, Трпеица, Глобочица, Теферич…. и така еден куп идеи во ова време на пандемија, кога ако ништо друго, бaрем хуморот е на највисоко ниво. Репортер.мк избра, па погледнете во продолжение…

Scroll to Top