„Токму сега се свршив“, „Свршени сме“, „Брат, ја побарав за жена“… беа зборовите на идниот сопруг на една Холанѓанка, кој го сподели својот момент со фамилијата кога ја побарал за жена, а таа своето воодушевување и среќа ја сподели на „Редит“.
„Душан (24) и јас сме седум години во врска. Тој е од Белград, јас сум од Холандија, каде што и живееме заедно. Горда сум на тоа што моментално добро разбирам српски, но како што и напишав во постот, никогаш не сум го слушнала зборот „свршување“ сè до минатата недела кога Душан ме побара за жена на холандски и потоа им се јави на своите родители и рече ‘тукушто се свршив’“, раскажа Холанѓанката Меган.
Иако можеби ова е необичен пост за Редит, сепак морала со сите да сподели својата среќа.
Zaprosio je moj sprski budući muž!
by u/PurpleManners in serbia
„Нашата врска од почетокот се заснова на тоа да учиме еден од друг. Едвај чекам да се омажам за овој човек на нашата, прекрасна, „повеќејазична“ венчавка, напиша Меган и на српски јазик додаде и „Баш сум среќна“.
Дури и нејзиниот иден маж Душан отвори свој профил на Редит за да може да ги чита и следи коментарите.
Под нејзината објава се насобраа преку стотина коментари.
„Ви посакуваме многу здравје и среќа и мнооооогуу ќебапи“, напиша еден од корисниците.
Секако, сите им честитаа и им посакаа многу среќа, но имаше и доста духовити коментари од типот „а дали си чува за стариот српски обичај кога на правата брачна ноќ мораш да им ги измиеш нозете на мажот и свекорот?“, на што таа само се насмеа и одговори „Не, не сум. Тоа ќе го прескокнеме, но сигурна сум дека има уште прекрасни српски обичаи кои ќе ги испочитуваме“.
„Доколку сакате да ја испочитувате традицијата, ама на поинаков начин, наместо да пукаш во јаболко на кровот, отидете на еден пејнтоб“, беше совет на еден од духовите корисници.