93-годишна баба во карантин: „Ми треба уште пиво“

93-годишната Олив Веронеси од Пенсилванија ги насмеа соседите откако им побара пиво за да го издржи карантинот. Таа ги пречекала со натписот: „Ми треба уште пиво!“, а соседите ја сликаа и фотографијата ја објавија на „Фејсбук. Олив, по ова стана хит на интернет.

Фотографијата е споделена над 46 илјади пати и има преку 3 илјади коментари. Повеќето од нив се од луѓе од целиот свет што се нудат да ѝ купат пиво на старицата.

„Убаво е ако можете да направите такво нешто за една млада дама“, им одговорила Олив.

 

Scroll to Top