Американка 10 години го чувала мртвиот сопруг во замрзнувач за да ја зема неговата пензија

Полицијата во Јута соопшти дека Американка 10 години го чувала телото на починатиот сопругот во замрзнувач и во тој период ја земала неговата ветеранска пензија. Таа за 10 години добила од државата 177.000 долари, а ги користела и останатите привилегии. Портпаролката на полицијата рекла дека жената е пронајдена мртва во својот стан минатиот месец, а кога го прегледале живеалиштето, полицајците го пронашле и телото на мажот.

Градските власти претпоставуваат дека тој починал од болест 2009 година. Истражителите нашле писмо заверено на нотар во декември 2008 година за кое се смета дека го напишал мажот пред смртта. Во него се вели дека сопругата не е одговорна за неговата смрт.

Scroll to Top