Американка плаќа 130 долари месечно за да има розово куче

Хип-хоп пејачката Гвенејса Лилард од Тексас своето 5-годишно куче редовно го бојадисува розово. Tретманот за бојадисување на нејзиното куче ја чини 130 евра. Кучето стана хит откако почна да се појавува во нејзините спотови, а луѓе го сликаат и на улица и ги споделуваат неговите фотографии.

„Моето куче е прекрасно, исто како и јас. И треба да добие совршен третман“, рекла пејачката за локалните медиуми.

Иако заштитниците на правата за животните сметаат дека таа го малтретира животното, Гвенејса вели дека како што таа си ја средува косата секоја недела, така го средува и крзното на нејзиното куче.

Scroll to Top