Американски воен пилот направи маневар на небото, додека луѓето ги триеја очите

„Ваквиот маневар не спаѓа во обука“, соопшти американското морнаричко воздухопловство, најавувајќи дека екипажот ќе мора да одговара.

Американската морнарица го оцени за „неприфатлив“ хуморот на еден од своите пилоти, кој успеа да исцрта џиновски пенис на небото со кондензациона трага од своето летало за време на една вежба.

Жителите на градот Оканоган беа сведоци и со неверување го проследија летот на еден од борбените авиони во блиската воздушна база кога, пилотот почна да изведува необичен маневар на ведрото небо. Местото каде се случи овој необичен настан е еден град во државата Вашингтон, на западниот брег во САД, кој што брои 2500 жители.

Една мајка се пожали на локалната ТВ станица „Крем 2“, која од воените власти побара коментар.

„Тој маневар не потпаѓа во рамките на обуката“, соопштија од морнаричкото воздухопловство, најавувајќи дека екипажот ќе мора да одговара.

„Морнаричкото воздухопловство очекува од својот екипаж врвни стандарди, па овој инцидент се смета за апсолутно неприфатлив.

Ова не е прв пат да некој воен пилот исцрта пенис по небото.

Ројал аир Форс авионот исцрта она што наликува на машки полов орган на небото над Шкотска во 2014 година. РАД подоцна објаснија дека сугестивните траги на дим биле резултат на тоа што пилотот влегол во овална траса, додека кружјеќи, чекал понатамошни инструкции.

Инцидентот на небото над Вашингонт брзо се прошири на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top