Англиски бербер смислил оригинален начин како да ги смири несовесните возачи на неговата улица

Пол Џонсон (51), татко на три деца од Нортвич, Велика Британија, смислил оригинален начин како да се избори со несовесните возачи на неговата улица. За време на паузата излегува од фризерскиот салон во кој работи и го насочува неговиот фенот кон нив.

Иако на почетокот рече дека станувало збор за шега, Џонсон тврди дека нивната реакција го изненадила и дека сега одвреме-навреме го зема својот „радар“ за да ги исплаши.

„Доста ми е од дивјаци кои возат брзо по мојата улица. Зедов рефлектирачки елек од колата, фен и излегов надвор да ги исплашам. Нема да верувате, но успеав. Возачите не само што ја намалуваа брзината туку и ги запираа автомобилите пред мојот радар“, рече Џонсон за „Дејли Мејл“.

А кога ќе сфатат за што се работи, возачите почнуваат да свират или се смеат бидејќи не можат да поверуваат како ги измамил.

„Приказната брзо се рашири низ градот, па многу луѓе ми се јавија и ме замолија да дојдам на нивната улица со лажен радар за да ја мерам брзината. Се разбира дека нема да го правам ова постојано, но судејќи според реакциите на луѓето направив добра реклама за мојот фризерски салон“, додаде тој.

Scroll to Top