Барби и Кен од моето детство: Зорица Брунцлик и Кемиш станаа хит на социјалните мрежи

Во екот на барби манијата која трае со денови, поради популарноста на филмот „Барби“ со Марго Роби и Рајан Гослинг, на социјалните мрежи се пошегуваа со српската пејачка Зорца Брунцлик.

Пејачката со препознатлива розова коса е ставена на тапет на профилот на Инстаграм „RPN/HMA“ и каде се тврди дека таа е балканската Барби.

„Нашата Барбика“, стои во описот на сликата на која Зорица Брунцлик и нејзиниот долгогодишен сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, кого за оваа прилика го „прекрстиле“ КеНиш.

„Единствената која ја препознаваме“, „Какви кукли“, „Единствената вистинска“, се дел од коментарите.

Фотографијата досега собра повеќе од 17 илјади лајкови.

Scroll to Top