Битолчани за геј парадата во Скопје: Поубо место не можеше да одберите!

Битолчани мајтапејќи се со нивните сограѓани од Скопје, им ја честитаа геј парадата и ја поздравија одлуката за нејзино одржување во главниот град на Македонија. Битолчани сметаат дека Скопје е вистинското место и дека скопјани ја заслужуваат оваа парада.

Годинава геј парадата ќе се одржи на 29 јуни, кога се очекува низ улиците да прошетаат неколку стотици учесници од ЛГБТ заедницата.

„Битолчани се многу задоволни и ја поздравуваат одлуката бидејки град Скопје е вистинското место и баш скопјани вистински ја заслужуваат оваа геј парада. Затоа веќе подолго време од Битола во Скопје намерно е испратен битолчанец кој е главен на таа ЛГБТ заедница кој придонесува за грижа на геј популацијата и љубов без граници. Да не остани покусо и со право нашиот јужен сосед кои од дамнина се светски познати по тие сега “современи” работи, веќе подолг временски период нѐ ословува како Република Скопје. Да ви биди среќна и бериќетна парадата драги скопјани, долги години традиционално да си ја одржувате и да си ја земите и за куќна слава. И да не се секирате сѐ што имаме од кај нас благовремено и навремено ќе Ви ги испратиме, само да има љубов меѓу сите вас таму“, стои во соопштението на битолчани.

Тие велат дека ваквото соопштение е во духот на негување на традицијата на вечното ривалство меѓу битолчани и скопјани.

Scroll to Top