Близнаци родени во Индија добија имиња Корона и Ковид

Близнаци родени во градот Раипур во Индија ги добиле имињата Корона и Ковид, пренесуваат индиските медиуми. Близнаците, момче и девојче, се родија за време на тринеделниот карантин во земјата.

Нивните родители велат дека за да се сеќаваат на овие тешки времиња во кои се роденитие, решиле да им дадат необични имиња, пишуваат локалните медиуми. Мајката вели дека се соочиле со многу тешкотии, па затоа сакале да се сеќаваат на ова време.

„Вирусот е опасен, но ги натера луѓето да се фокусираат на хигиената и на здравите животни навики, па затоа одлучивме да ги крстиме вака“, рекла таа.

 

Scroll to Top