Бодибилдерот и глумец од Казахстан, Јуриј Толочко планира да се омажи со својата секс-кукла Марго. За да бидат во топ форма за нивната венчавка Јуриј вели дека вежбаат секојдневно. Тој вели дека со куклата Марго се во врска година дена. Ја спасил во едно кафуле од друг маж.
Марго е секс-кукла на напумпување и е со природна големина. Јуриј вежба со неа секој ден за да ја одржат формата. Заедно работат вежби за нозе и стомачни. Јуриј на шега вели дека се грижи и нејзиниот задник да изгледа добро.
Јуриј вели дека требало да се венчаат на 27. април, но поради пандемијата со коронавирусот, венчавката морале да ја одложат. Јуриј вели дека нема место за очајување.
„Венчавка сигурно ќе има. Веднаш кога ќе бидат создадени услови. Ќе славиме неколку дена“, изјавил Јуриј и преку социјалните мрежи ги известил своите пријатели.
Јуриј често објавува заеднички фотографии со неговата кукла, на која вели дека и ги зголемил и градите. Со неа патува низ целиот свет.