Босанец на 75 години шета на снег во долна облека

Иако утрото било 14 степени под нулата, тоа не го обесхрабрило Башко Андриќ, наречен Витез, да прошета низ градот облечен само во маица и кратки панталони.

Прошетал покрај витешката продавница и ги шокирал сите присутни. Многумина  помислиле дека станува збор за болен човек, пренесува порталот Flash.ba.

Сепак, сите ги разубедил. Блашко вели дека тоа е неговиот стил на живот, без оглед на ниските температури. Тој пешачи речиси гол на студено време 10 до 15 километри дневно.

Како што вели, имунитетот во зима го стекнал кога испешачил 25 километри на температура од – 31 степен Целзиусов. Кога стигнал дома се избањал со студена вода и никогаш повеќе не почувствувал студ.

Иако многумина мислат дека не е токму, Блашко вели дека и тој мисли така за нив.

Видете:

 

 

Scroll to Top