Девојката го продава она од што сите се срамат: го пакува во тегла и наплаќа 276 евра

Многумина се обидуваат да заработат дополнителни пари, а инфлуенсерката Ченг Винг Џи, попозната како Киараакити, нашла крајно необичен и бизарен начин.

Само на Инстаграм девојката ја следат повеќе од 230.000 луѓе. Значи, сосема доволно за да се обезбеди убав приход. И што нуди?

Инфлуенсерката си ја продава долната облека, водата во која се капела, а од неодамна и својот прдеж.

Ченг одлучила да профитира од непријатните мириси, па така една тегла чини неверојатни 276 евра и тие се однапред распродадени.

Девојката тврди дека мирисите во теглата се задржуваат 30 дена по отворањето, а ги рекламира вака:

„Дали сакате да знаете како мириса вашиот омилен инфлуенсер? Не замислувајте, нахранете ја вашата љубопитност“.

Најбизарниот детал во целата приказна е дека продавањето прдеж не е новитет, а се чини дека е успешен бизнис, пренесува LadBible.

Така Twitch streamer Amouranth ја почна продажбата на „спакувани мириси“, по цена од 920 евра.

Пред неколку години, креаторката на содржини Стефани Мато тврдеше дека заработува над 40.000 евра неделно продавајќи ги своите прдежи.

Scroll to Top