Со диско музика, 50-ка се врати во ГТЦ

Со диско музика автобусот на ЈСП со број 50 се врати во ГТЦ. Додека граѓаните чекаа во подрумот на ГТЦ да дојде автобусот од линијата 50, на специјално поставена бина диџеј пушташе музика.

На настанот имаше голем број на луѓе, а во автобусите што пристигнуваа на старо-новата постојка најбројни беа пензионерите. Но, автообус чекаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој пред новинарите изјави дека со ова ќе се врати и животот на трговскиот центар.

„ГТЦ го браневме, го гушкавме, излеговме на референдум, а сега е време да му го вратиме животот“, рече Шилегов.

Во иднина се планира на истата постројка да застанува и 57-ка.

 

Scroll to Top