Додека пушел му го украле часовникот од 800.000 илјади евра

На еден 30-годишен Јапонец во Париз му украле часовник вреден 800.000 евра. Бизнисменот останал без луксузниот часовник кога завчера вечер излегол на пушење пред луксузниот хотел каде што отседнал.

Непознатиот човек му пришол барајќи му цигара. Кусо потоа, крадецот ја зграпчил раката на Јапонецот, му го зел часовникот  па побегнал.

Часовникот од брендот „Ришар Мил”, модел „Турбијон дајмонд твистер”, се проценува на 768.000 евра.

 

Scroll to Top