Љубоморна девојка од Чешка за да ја спречи свадбата на бившиот дечко дојавила во полиција дека е подмретната бомба во општинската зграда во Хостина каде што тој требал да се венча. Таа и момчето раскинале четири години претходно, ама таа не успеала да го преболи раскинувањето.
Откако била приведена, во полиција признала дека тоа го направила од љубомора. За лажната дојава за бомба и за ширење лажна тревога и предизвикување паника според чешките закони 25-годишната девојка може да добие пет години затвор, рекла за медиумите портпаролката на локалната полиција, Шарка Плжова.