Фирма дава боледување заради трезнење

Фирмата „Дајс“ во Лондон реши на своите вработени да им дава слободни денови за да се отрезнат по големо пијаство. Тие велат дека отсега е доволно вработениот на шефот да му испрати електронска порака со зборовите  „пиво“, „болен“ или „музика“ за да добие слобиден ден. Идејата е на Фил Хатчеон, основач и сопственик на компанијата која се занимава со продажба на билети за концерти преку смарт телефони.

„Нашите вработени веќе не мора да измислуваат дека се болни ниту да го менуваат гласот на телефон“, вели тој. „На целата наша екипа музиката ѝ е во крвта и некои од нашите најважни договори се потпишани по концерти“, додал Хатчеон.

Од компанијата велат дека мамурните вработени не се продуктивни, па сега имаат можност да се ослободат од мамурлакот и повторно да бидат способни за работа. Вработените имаат право четири дена во годината да земат боледување заради трезнење.

Scroll to Top