(Фото) Американците го открија ѓезвето за кафе

Една од најпознатите веб-страници за храна во Америка, „Итер“, неодамна на „Твитер“ објави текст со наслов: „Оваа алатка од 10 долари ќе го замени вашиот апарат за кафе“. Станува збор за ѓезве за кафе, кое во самиот текст беше наречено „турски грејач за кафе“. Ѓезвето, кое е старо со векови, Америкаците во 2019 го преставуваат како нешто ново и револуционерно.

Овој „турски грејач за кафе“, според текстот, е нешто со кое повеќето читатели на веб-страницата не се воопшто запознаени, па затоа во текстот се објаснува како се користи. Авторот на текстот се повикува на познатата готвачка Рим Асил, која објаснува дека нејзината мајка некогаш правела кафе во ѓезве (што и понатаму се нарекува турски грејач за кафе), така што сомеленото зрно кафе го меша во вода, го остава да зоврие и чека да се направи пена, па зрнцињата кафе да паднат на дното.

Но, „турскиот грејач за кафе“ не е спектакуларен само затоа што во него се прави кафе, туку затоа што може да се користи и за други работи. Авторот на текстот објаснува дека ѓезвето некогаш се користи и за топење чоколадо, правење разни кремови и сирупи, а понекогаш и за зовривање вода и правење чај. Турското кафе не се пие во Америка, па не е чудо што тие не користат ѓезвиња.

 

Scroll to Top