Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го совладаа Манчестер Јунајтед, а натпреварот ќе биде запаметен, меѓу другото, од една неверојатна гримаса на Маруан Фелаини.
Играчот од средниот ред на Црвените Ѓаволи, во еден момент ја удри топката со глава и направи „фаца“ која што ја овековечија фоторепортерите.
Наскоро таа се прошири на социјалните мрежи.
Самиот Фелаини преку Твитер направи шега на своја сметка со зборовите “им благодарам на сите кои ова го постираат и ми го испратија”.