Доналд Трамп повторно е главна „зафрканција“ на интернет мрежите, откако неговиот директор за комуникации, Антони Скарамучи, си замина од тоа место, по двенеделна служба, а почна да му се потсмева и славната актерка Кејт Хадсон.
Актерката позната по филмот „Како да се ослободите од фраерот во десет дена“, објави зафрканција на сметка на нив двајца, со плакат од истиот филм и напиша: „Број еден комедија во Америка!“.
Нејзината шега ја лајкувале повеќе од 250.000 луѓе, и благодарение на истата собра голем број на симпатии од многумина, на кои Трамп и баш не им е најдрагата личност на светот. Таа не е првата која се досетила на оваа шега, па на Твитер се појавија верзии од тој филм со Трамп и Скарамучи во главните улоги.
Wait, I think I know what’s going on. #scaramucci pic.twitter.com/ZUpA9lbL0i
— Kristin Lai (@kristin_lai) 31 July 2017