(Фото) Ким Кардашијан заспа во салон за разубавување

Познатата американска ѕвезда Ким Кардашијан заспа во салон за разубавување. Нејзиниот стилист објави фотографии од неа, како спие, додека тој и ја средува фризурата.

„Те сакам“, напишал тој во објавата, а Ким не ја прифати шегата и подоцна му одговорила дека го мрази и дека ја исцрпел.

Фотографијата ги насмеа голем број од нејзините фанови, а истата имаше повеќе од 170.000 лајкови. Меѓу нив имаше и многу од јавните личности.

„Заспано убавице“, и коментираше нејзината пријателка Парис Хилтон. „Таа е прекрасна и со отворена уста“, „Океј и таа ја држи отворена устата, додека спие, какво олеснување“. „Ким е преубава и додека спие“, гласеле некои од коемнтарите.

Scroll to Top