(Фото) Крава именувана по Викторија Бекам продадена за 300.000 евра

Кравата Вилоџ Пош-спајс, именувана по сопругата на познатиот поранешен фудбалер Дејвид Бекам, Викторија, е продадена на аукција за рекордна цена од 262.000 британски фунти, односно околу 300.000 евра.

Кравата е од расата лимузин, а надавањето се случило минатата недела кога за неа била достигната рекордна сума. Нејзината мајка Вилоџ Џинџерспајс исто така го добила името според една од пејачките на поп-групата „Спајс грлс“. Двете се одгледувани во Стропшир, во централна Англија.

Фармерката Кристин Вилијамс, која ги чувала, изјавила дека се чувствува како да добила на лото. Вели дека станува збор за паметна и елегантна крава.

Според британското здружение на одгледувачи на лимузини, блескавиот изглед и чистокрвноста на кравaтa придонеле за високата цена. Секретарот на здружението, Вил Катли, рече дека тоа е успех не само за сточарите туку и за самата раса крави.

Scroll to Top