Градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро Хумелула, Виктор Иго Соса, во четвртокот се оженил со алигатор, пренесе „Дејли mејл“.
На венчавката имало голем број гости, а се свирела и традиционална музика. Ги венчал домородниот водач. Соса за време на церемонијата неколкупати го бакнал алигаторот кој бил врзан за да се избегне каква била незгода.
Ова е свадбен ритуал кој е стар неколку векови, кој се смета дека потекнува од претхиспанските домородни заедници Чонтал и Хуаве во државата Оахака. Познат е и по молитвата за благодатите на природата.
„Бараме од природата доволно дожд, храна и риба во реката“, рече Соса, кој е градоначалник на мало рибарско место на брегот на Оахака, лоцирано во сиромашниот југ на земјата.
Областа има богата автохтона традиција каде што многу групи ги одржуваат традициите. Вековниот ритуал во Сан Педро Хуамелула, денес е помешан со елементи на католичката духовност и вклучува облекување на алигаторот или кајманот во бела венчаница со шарени украси.