(Фото) Најгрдата елка во Скопје

Новогодишната елка во центарот на населбата Кисела Вода не е накитена. Нема ни лампиони, ни сијалички, ниту врв. Минувачите велат дека не само што е најгрдата елка во Скопје, туку повеќе личи на зелен конус, отколку на најпознатиот новогодишен симбол.

„Да не заборавиле да ја накитат?“, „Кутрата елка, жално е како изгледа“, „Ова не е елка, зелен конус е“ – се дел од коментарите на граѓаните.

Кисела Вода е најоскудно украсената населба во градот. Има само само еден ред сијалички на главната улица во населбата и толку. За разлика од ценатрот на Скопје и останатите општини, Кисела Вода оваа година потфрли, иако, велат жителите, речиси никогаш тие немале убаво украсени улици за време на празниците.

Scroll to Top