Адвокатот Даниел Улфелдер од Мајами пронајде начин да ги предупреди луѓето дека треба да држат физичка дистанца на плажите во Флорида, оти и покрај коронавирусот тие се отвораат за посетители. Адвокатот тоа го прави облечен во црн костим како „смртта“, а седи на седиштата наменети за чуварите на плажите.
Тој вели дека од 1 мај ќе почне редовно да оди на плажа, бидејќи свеста кај луѓето попушта, па затоа некој мора да ги потсети на опасноста од вирусот и на фактот дека од ковид-19 се умира.