(Фото) Се сончала среде свадба

Една девојка го уништила фотографирањето на еден венчан пар откако одбила да се тргне од местото на кое се сончала. Бесот на гостите воопшто не ја вознемирил девојката во бикини.

Таа лежела на пешкирот и се сончала во непосредна близина на младенците, кои на тоа место сакале да се фотографираат.

Додека фотографот го барал најдобриот агол за сликање, девојката останала да лежи на земја и да чита книга додека гостите и членовите од семејството бесно ја гледале.

Овој бизарен момент го снимила една  гостинка, Натали Линг (28).

По венчавката, Марк Линг и Менди Крипвел решиле со гостите да се фотографираат во прекрасната градина, која е многу популарно место за фотографирање на штотуку венчани младенци.

„Помисливме дека самата ќе се помести, но таа продолжи да лежи. Помислив дека е само непристојна. Неколкупати ја замоливме да се помести, но таа нè игнорираше. Не сакавме на младенците да им го упропастиме големиот ден, па престанавме да се расправаме со неа“, изјавила Линг.

Таа додала дека дотичната девојка станала по 10 минути и заминала, а работите ги оставила на земја.

 

 

Scroll to Top