(Фото) Твитерџиите го исмеаа Тони Блер поради новата фризура

Твитерџџиите почнаа да се шегуваат со новата фризура на поранешниот британски премире Тони Блер. Некои коментираат дека затворањето поради пандемијата со коронавирусот, делувало и на него и дека и тој, како и многу други, не можел долго време да оди на фризер.

Неговото појавување пред камерата со долгата коса, ги насмеа многумина. Тие објавија фотографии и многумина го споредија дека личи на „Голум“ од „Господар на прстените“, или Док Браун од „Враќање во иднината“.

Блер со долгата коса се појави за време на интервјуто кое го даваше на Пол Бранд од ITV, во кое зборуваше за референдумот за независноста на Шкотска.

За други новата фризура на Тони Блер, многу наликувала на онаа која некогаш ја имал холивудскиот глумец Николас Кејџ.

Scroll to Top