(Фото) Ученик на писмена цитираше стих од Констракта, па доби единица

Ученик во Србија доби единица откако на писмена задача цитираше стих од евровизиската песна на Констракта „Ин корпоре сано“. На писмената задача со тема „Уметноста е мост што ги спојува времињата и народите“, тој напишал „Уметницата мора да е здрава“. Сликата на која се гледа дека е оценет со единица се споделува на Тик-ток и е вистински хит во регионот.

„Па во право е детето“, „За ова заслужува 5“, „Некои професори се заглавени во времето“, се дел од коментарите.

Scroll to Top