Откако во Македонија стигна првата пратка со вакцини, донацијата од Србија, а други вакцини нема, пред два дена „Зоки ваксајн“ се појави новата игра што може да се преземе на PlayStore на мобилните телефони.
Играта се вика „Зоки ваксајн“, а во описот стои: „Со помош на Зоки соберете што е можно повеќе вакцини“. Во играта главен лик е премиерот Зоран Заев. Како што ја допирате неговата глава, тој се движи по екранот и собира вакцини. Ако удрите во некоја од пречките поставени на патот до вакцините, губите живот, а гласот на Заев вели: „Мало сутра“. Играта „Зоки ваксајн“ на PlayStore e оценета со 4,9 од 272 луѓе што досега ја презеле.