Француски градоначалник со декрет ги забрани комарците во своето село

Комарците и официјално се забранети во село во западна Франција, откако локалниот градоначалник одлучи дека треба да преземе мерки за да го реши проблемот на селаните кои се жалеле дека се постојано искасани. Андре Маршанд ова го стави во официјалниот декрет во неговото село Бриолај, западна Франција, на почетокот на јули.

Целта на декретот на градоначалникот не биле комарците, оти знаел дека тие нема да престанат да ги касаат луѓето, но немал друго решение.

„Постојано ме запираа и распрашуваа за проблемот, па советникот ми рече да напишам декрет против комарци. Ова беше само хумористичен гест за локалните жители да сфатат дека не можам ништо да направам. Повеќето од нив сметаа дека е смешно. Сега е подобро, имаме многу помалку комарци, но тоа не е поради декретот“, рекол тој.

Градоначалникот презел и конкретни мерки против комарците, па поставил три „стапици за комарци“ кои ги привлекуваат комарците со феромони, а потоа ги убиваат со јаглерод диоксид. Локалните жители и самите купувале слични стапици за сопствените градини.

Франција има голем проблем со комарците ова лето поради поплавите предизвикани од јунските дождови, а властите очекуваат слични проблеми и следната година, кога ќе дојде новата сезона на поплави.

Scroll to Top